За нас

ЛЕТИКОМ ПЛУС започна да работи во 1991 година. Во досегашното постоење многу слушатели на наставата учествуваа на конкурси за стипендии и освоија награди, успешно ги завршија курсевите по странски јазици, а и ги положија меѓународните испити кои им помогнаа да се запишат на универзитети во странство. Денес голем број од нив го употребуваат јазикот и на работните места. Овој успех носи нови слушатели кои се поттикнати да ги посетуваат и со успех да ги завршат курсевите по странски јазици во училиштето.

 

ЛЕТИКОМ ПЛУС е и основач на МАКС (Македонска асоцијација за квалитет во наставата по странски јазици) чија главна цел е промовирање на квалитетот во наставата по странски јазици - квалитет еднаков на европските стандарди.